Позитива, Статии

Не чекај повеќе ни миг!

31 август, 06:35

Сте забележале ли дека животот секојдневно ве става пред нови предизвици, а вие постојано го чекате вистинскиот миг за да се опуштите и да бидете среќни?

Не чекајте повеќе да го завршите факултетот, да најдете работа, да стапите во брак, да заштедите за стан, да пораснат децата па да одите на одмор....

Чекањето нема крај, секогаш ќе се најде нешто да ве спречи, секогаш ќе има нови предизвици со кои ќе треба да се соочите.

Не чекајте повеќе ни миг и бидете среќни токму сега, во овој посебен момент, радувајте се со тоа што го имате денес, бидејќи среќата е патување, а не дестинација.

Работете како да не ви требаат пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени, танцувајте и смејте се како никој да не ве гледа и слуша.

Нема подобро време да бидете среќни од денешниот ден, па зошто да го пропуштите овој совршен ден за среќа?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2542 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус