Здравје, Здрави навики

Неговото Височество – Витаминот Д

03 јули, 06:37

Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот и добро здравје.

Ги внесуваме најчесто преку исхраната, за разлика од витаминот Д кој нашиот организам го зема и од сонцето.

Иако на сите ни е достапен, голем дел од луѓето имаат недостаток на овој и тоа како драгоцен витамин.

 

Ако со еден витамин може да се зајакне имунитетот, косата, да се регулира високиот крвен притисок, да се намали ризикот од рак, депресија и срцев удар, тоа може да се постигне единствено со витаминот Д, кој не случајно го издвоивме од другите.


За што сè помага?

  • Го намалува ризикот од рак на дојка, помага за намалување на туморот кај оние кои веќе боледуваат од овај карцином.
  • Го намалува ризикот од дијабетес 2, особено во комбинација со калциум.
  • Штити од настинки и грип, го намалува ризикот од болести на дишните патишта.
  • Ги штити и негува непцата, намалувајќи го ризикот од парадентоза.
  • Ја ублажува и лекува депресијата.
  • Ја штити кожата, правејќи ја сјајна и еластична.
  • Ги намалува нападите на асма.

Секојдневното изложување на сонце во периодите кога зрачењето е помало ( наутро и по 17 часот) е најдобриот начин да внесете доволно количество на овој драгоцен витамин, кој природата несебично го дава.

Ваше е само да најдете време за прошетка на сонце и да внесете дневна доза здравје во своето тело.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2229 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус