Неколку чекори до совршен маникир
Убавите и негувани нокти се секогаш во мода, а со малку труд може и сами да направите совршен маникир.
За двобојни нокти каде нијансите благо се прелеваат потребни ви се 2 нијанси на лак по ваша желба, безбоен лак и мало сунѓерче.
Постапката е едноставна, следете ја чекор по чекор и имајте совршено убави нокти.
Нанесете ја прво посветлата нијанса и почекајте убаво да се исуши.
На најлонска фолија ставете по малку од двете нијанси лак и со чепкалка размачкајте го делот каде се допираат.
Макнете го сунѓерчето и со тапкање нанесете на ноктот. Почекајте да се исуши, па повторете ја постапката повеќе пати, додека ја добиете саканата нијанса. Правете пауза после секое тапкање, за да се не оштети претходно нанесениот слој.
На крај, избришете го лакот од кожата околу ноктите, премачкајте ги ноктите со безбоен лак и вашиот маникир е готов.
Додади коментар