Неколку основни ставови на филозофијата на Лујза Л. Хеј кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот

10 март, 02:42

 

 

 

 

 

 

„Ние сме стопроцентно одговорни за тоа што ни се случува.

Секоја наша мисла во овој момент ја одредува нашата иднина.

Почеток е сегашноста, заборавете го минатото.

Нема личност која барем никогаш не страдала од гризење на совеста и презир, па дури и омраза спрема себеси.

Најлошиот став е „Јас не сум доволно добар”. Тоа е само мисла, личен став, а тоа може да се менува.

Најопасно за здравјето на човекот е самообвинувањето, страдањето, стресот, обвинувањето и гризењето на совеста.

Заборавањето на сопствените и на туѓите грешки, простувањето е пат до оздравување, дури и во случај на рак.

Кога се сакаме и се цениме себеси, сѐ во животот подобро ни оди.

Мораме да го заборавиме минатото, да се ослободиме од предрасудите за да имаме иднина.

Најважно е дека сме подготвени да почнеме да се сакаме себеси.

Клучот на позитивните промени е прифаќање на самиот себеси.

Состојбата на духот носи многу болести”.
 
„Како да го излечите својот живот” – Лујза Л. Хел

 

Доколку ги следите и ги применувате овие неколку едноставни и истовремено многу важни основни ставови од филозофијата на Лујза Л. Хеј, вие постепено и незабележително ќе го променувате вашиот живот. Ќе станете посигурни во себе и со тоа позитивно ќе влијаете на луѓето и на настаните околу вас.
Ништо не е тешко, треба само да се потрудиме и максимално да се внесеме во нешто кое навистина сакаме да успее, а успеваме во оние нешта во кои најмногу веруваме и кои најмногу посакуваме да се исполнат.
Кој не би сакал да го промени својот живот на подобро, кој не би сакал повеќе да нема напнатост и стрес во својот живот, кој не би сакал максимално да ужива во сè она што на тацна ни го сервира животот?
Сигурна сум дека сите ние ги посакуваме овие нешта, па доколку е така, доколку си го посакувате самите на себеси најдоброто, почнете да се раководите по овие неколку навидум едноставни, а во суштина многу мудри ставови и уживајте во личните промени кои постепено ќе ги забележувате кај вас.   
 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5168 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус