Животен стил

Нема фејсбук наредните 3 месеци!!!

11 јули, 13:33

Наредните 3 месеци, поточно точно 99 дена, ќе треба да живеете без фејсбук.

Нема статуси, нема лајкови и коментари, и секако нема игри на фејсбук. Никој нема да знае дали се чувствувате прекрасно, опуштено, блажено и како уште не, нити пак вие ќе знаете каде биле вашите пријатели на вечера, како ѝ се погодиле слатките на другарката, кој слави роденден...

 

Ако сте зависници од фејсбук и оваа вест ви се чини страшна, не грижете се. Слободно продолжете си со вашите секојдневни фејсбук активности. Трите месеци без фејсбук се доброволни и се дел од експеримент на една креативна агенција од Холандија.

По контроверзниот психолошки експеримент кој фејсбук тајно го спроведе на 700 000 корисници на својата социјална мрежа, креативната агенција дошла на идеја да спроведе сосема спротивен експеримент.

Целта на овој експеримент е да покаже дека и без фејсбук може добро да се живее, всушност многу подобро, посреќно и послободно.
Учеството во експериментот е доброволно, а досега се пријавиле околу 6 400 лица.

Доколку сакате да станете дел од експериментот, потребно е да го посетите веб сајтот 99 дена слобода и да се пријавите. На вашата фб страна ќе поставите фотографија која ќе го претставува вашето 3 месечно отсуство, а на секои 33, 66 и 99 дена ќе добиете анкетен лист со прашања околу тоа како се чувствувате без фејсбук (не е задолжително).

Доколку не можете да преживеете без социјалната мрежа, не грижете се. Во секое време може да се откажете од учеството во експериментот и да си продолжите со фејсбук активностите.

Ќе се согласите дека овој експеримент е добар предизвик и одличен начин да проверите дали фејсбук повеќе ви штети отколку што ви користи.

Дали сте подготвени за 99 дена слобода и приватност?


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1822 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус