Животен стил, Живеј квалитетно

8 нешта на кои секоја жена треба да каже НЕ

25 септември, 05:51

Ако животот ви е комплициран и имате толку многу нешта на ум кои ви одземаат време и енергија, време е да престанете со досегашниот начин на живот.

Во трката на животот и желбата да бидеме совршени, честопати самите стануваме свои непријатели.

Сакате поедноставен живот, помалку грижи и обврски, а повеќе внатрешна радост и енергија?

 

Време е да им кажете НЕ на следните нешта:

Престанете да кажувате ДА
Доколку спаѓате во групата на оние кои не знаат никого да одбијат, време е да научите да кажете НЕ. Постојаното угодување на другите, дури и во ситуации кога не сакате некому да одговорите со ДА, е голема грешка која ви ја црпи енергијата.

Не дружете се од навика или чувство на обврска
Слободното време минувајте го со луѓе кои ви се блиски, знаат да ве насмеат и со кои се чувствувате убаво. Дружењето со луѓе со кои немате допирни точки, а се дружите само во име на старите пријателства или роднинските врски, може да ви го расипе расположението. Кон никого немате обврски, особено не кон оние кои не наоѓаат време за вас и никогаш не ве прашале како сте и дали ви треба помош.

Сакајте го своето тело
Ако постојано себеси си наоѓате маани, време е да кажете НЕ на таквиот пристап кон себеси. Сакајте го своето тело, колку и да не е совршено.

Високи потпетици
Едно големо НЕ и за високите потпетици. Женските нозе изгледаат одлично во високи потпетици, но мислете и на вашето здравје, па повремено дозволете си рамни чевли. Телото ќе ви биде благодарно.

Животот не ви е совршен
Ничиј живот не е совршен, па колку и да изгледа совршено на прв поглед. Кажете НЕ на постојаното размислување за вашиот живот, за недостатоците и проблемите. Најдете радост во убавите нешта, среќа во она што го имате, совршенство во несовршените колачи кои сте ги подготвиле.

Извинување
Жените многу често се извинуваат, дури и во ситуации кога немаат ама баш никаква вина. Таквите извинувања не ви носат ништо добро, напротив, ви наметнуваат уште поголемо чувство на вина. Застанете цврсто зад своите ставови и постапки и кажете НЕ на непотребните извинувања.

Лоша врска или самотија
Една од најголемите грешки која може да ја направите е да бидете во лоша и деструктивна врска само за да не останете сами.
Храбро кажете НЕ на животот поминат во лоша врска или деструктивна брачна заедница.

Никогаш не велете си себеси НЕ
Многу е корисно да знаете на другите да им кажете НЕ, но никогаш не смеете да си го кажете себеси. Можете да направите сè што ќе замислите, имате сила да ги надминете сите проблеми и храброст да се соочите со сите предизвици, само не кажувајте си себеси дека не можете. Верувајте во себе, кажете си ДА, јас можам и свртете нова страница.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2305 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус