Неверојатни 3D скулптури направени од копчиња за шиење
Уметникот Augusto Esquivel во реализирање на своите замисли и идеи за изработување на нешто што е несекојдневно и невообичаено, а во ист момент е интересно и убаво, практично и наменски ги употребил обичните копчиња за шиење.
Копчето изгледа безначајно кога се чува во кутиите за шиење и кога чека на ред да биде употребено кога ќе дојде момент за тоа, но неговата улога сосема е променета во скулптурите кои ги прави овој познат уметник.
Во нив обичните копчиња добиваат живот, а скулптурите направени од нив изгледаат многу реално.
Во скулптурите кои ги изработува Augusto Esquivel копчињата даваат порака дека понекогаш и обичните мали предмети кои секојдневно нè опкружуваат, можат да бидат искористени за од нив да се направат многу убави и несекојдневни украси, скулптури и разни видови на предмети.
Потребни се само желба и идеја со кои реализацијата на крајниот продукт ќе биде едноставна и без тешкотии.
Всушност за сѐ е така, нели?
Додади коментар