Занимливост, Убави нешта
Неверојатни мостови за животни
Илјадници диви премини (тунели, мостови и надвозници) се изградени во последниве 30 години насекаде низ светот. Овие премини им овозможуваат на дивите животните безбедно да преминат преку некои човечки бариери, како што се автопатите и при тоа да не бидат повредени. Изградбата на ваквите „природни” мостови е поттикната од сé поголемиот број на судири помеѓу диви животни и автомобили на отворените автопатишта.
Првиот изграден природен мост за премин на диви животни бил во Франција, во 1950 година. Оттогаш па наваму, луѓето сé повеќе размислуваат за нивната и за безбедноста на дивите животните градејќи најразлични премини преку кои дивите животни мирно, лесно и без да бидат повредени, безбедно поминуваат преку нив.
Во прилог погледнете дел од овие „природни” мостови кои ги изградил човекот за да се заштити самиот, а на тој начин успеал да ги заштити и дивите животни.
Прекрасно!




Додади коментар