Неверојатни вертикални градини
Патрик Блан е познат ботаничар и креатор на првите вертикални градини во светот.
Неговата работа станува многу популарна насекаде низ светот бидејќи луѓето сè повеќе и повеќе се заинтересирани за овој вид на уредување и украсување на тревни површини.
Немајќи доволно слободен простор на кој ќе може да одгледува т.н. нормални градини, дворови и паркови, Патрик Блан дошол до идеа да почне да ги раззеленува вертикалните градби, како на пример згради, куќи, музеи, јавни згради и најразлични други високо издигнати градби, користејќи при тоа одредени видови на растенија кои на ваков начин можат да успеваат.
На овие, па и на многу други растенија не им е потребна никаква почва за да можат да растат и да се развиваат. Сѐ што им е потребно е многу вода во која се растворени минерали и светлина од сонцето, а доколку вертикалната градина се наоѓа во затворена просторија потребна ѝ е многу вештачки добиена светлина.
Благодарение на овие прекрасни и неверојатни вертикални градини луѓето можат да се рекреираат и да уживаат насекаде каде што сакаат и каде што има вакви градини.
Природата може да биде насекаде околу нив во секој момент.
Придобивките кои се добиваат од вертикалните градини не се однесуваат само на изгледот и убаво уредената вертикална површина.
Благодарение на нив во голема мера се прочистува воздухот, се добива термичка изолација на местото каде што се поставени, така што во зима се задржува топлината внатре во објектот на чии ѕидови се поставени градините, а во лето зеленилото и растенијата не ѝ дозволуваат на топлината да биде неподнослива.
Погледнете како во повеќето делови од светот изгледаат и се одгледуваат овие прекрасни вертикални градини и слободно украдете некоја идеја која ќе можете да ја примените во вашето место на живеење.
Додади коментар