Никако без урми во зима!

13 декември, 00:02

За време на ладните зимски денови, кога свежото овошје го има сé помалку, треба повеќе да го конзумираме сувото овошје, како што се сувите смокви, урми, сувото грозје и друго.

Ваквите видови на овошје се богати со витамини и минерали кои се важни кога станува збор за превенција од настинки.

Урмите содржат 80% јагленохидрати и заедно со протеините, минералите и витамините имаат малку маснотии, немаат холестерол и се многу здрави.

Овие се само некои од придобивките кои можат да се добијат доколку редовно, умерено и на празен стомак се конзумираат урми.

  • го зајакнуваат срцевиот мускул
  • ги зајакнуваат мускулите на матката со што трудниците имаат полесен пораѓај
  • го зајакнуваат телото
  • го подобруваат имунитетот
  • го намалуваат холестеролот во крвта
  • го штитат абдоменот од паразити и бактерии

Урмите се богат извор на антиоксиданси, па затоа многу е важно нив да ги конзумираат оние кои имаат проблеми со срцето и оние кои се борат со било кој вид на рак, но секако и здравите луѓе, како превенција од овие болести.

Исто така докажано е дека го спречуваат стареењето на клетките, па затоа колку повеќе и подолго време јадете урми во нормални количини, толку повеќе ќе изгледате помладо.

Природниот шеќер кој го има во урмите, пријатниот мирис и интензивниот вкус, во целост може да биде замена за било кој вид на слатки.

Комбинацијата на ситно исечкани урми со ситно сечкани ореви, или некој друг вид на јаткасти плодови, обезбедува огромно количество на енергија која на сите нас многу ни е потребна.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6386 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 април

17 април
Во 1972 година е родена Џенифер Гарнер, холивудска актерка која се прослави со улогата на агент на ЦИА во телевизиската серија „Alias”, за што беше наградена со Златен глобус и SAG награда
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус