Здравје, Здрави навики

Никако конзервирана храна!!!

29 април, 05:03

Адитивите (емулгатори) кои се додаваат во храната го подобруваат вкусот, изгледот и времетраењето на прехрамбените производи.
Ги има во сите видови храна и секојдневно ги внесуваме во организмот.

Она на што не помислуваме и за кое не се зборува многу е штетата која дел од овие емулгатори му ја нанесуваат на организмот.

Иако се прави контрола на штетните емулгатори при производството на храна, сепак голем дел од храната содржи емулгатори кои спаѓаат во групата сомнителни, па дури и опасни.

Внимавајте што и колку јадете! Голем дел од емулгаторите предизвикуваат канцерогени заболувања, болести на кожата, цревата, алергии, висок холестерол..., болести какви не можете ни да замислите.

Како да ги избегнеме штетните емулгатори

Обратете посебно внимание на следните производи и обидете се сосема или барем делумно да ги исфрлите од исхраната:

Паштети – верувајте, не сакате да знаете што сè содржат паштетите!

Супи – освен сол, зачини и едно чудо емулгатори, готовите супи не содржат речиси ништо корисно и здраво. Домашната супа е единствен начин да се заштитите од штетните емулгатори.

Конзервирана зимница и доматни сосови – не дозволувајте си да купувате зимница, особено не домати во конзерва кои содржат многу штетни емулгатори.
Зимницата пригответе ја дома, трудот и маката навистина вредат кога здравјето е во прашање.

Маргарин – ова е можеби еден од најштетните производи кои секојдневно ги користиме. Користете го ретко, или уште подобро, заменете го со путер.

Виршли и салами – колку поретко ги имате на вашето мени, толку подобро за вашето здравје.

Доколку не ве убедивме дека адитивите се и повеќе од штетни, погледнете го видеото. Тоа е дел од истражувањето на Мелани Ворнер, автор на книгата „Пандорината кутија за ручек”.

Мелани го испитува влијанието на конзервансите врз храната. На видеото е прикажан експеримент со пилешко месо кое содржи адитиви и месо кое е подготвено дома, без конзерванси. По четири месеци месото со конзерванси изгледа далеку подобро од она кое е подготвено дома. Можете да замислите што му прават конзервансите за толку долго да изгледа сосема нормално.

Истото се случува со секоја храна која ја купуваме. Сигурно сте забележале дека голем дел производите изгледаат и мирисаат исто дури и по истекот на рокот. Зошто истото не се случува и со оние кои ги подготвуваме дома, без никакви адитиви?

Не можете од сè да се откажете и да јадете храна подготвена исклучиво во домашни услови.
Но, она што може да го направите е да подготвувате домашна зимница, супи,сокови и мармалади, колачи и торти, секој вид храна која може да се подготви дома, наместо да ја купите од продавница, да избегнувате брза храна и да внимавате на оние производи за кои ви посочивме дека содржат штетни емулгатори.

На амбалажата на секоја храна се наведени емулгаторите кои се користат при производство на истата. Се означуваат со буквата Е и троцифрен број. Ова се дел од штетните или сомнителни емулгатори:

ЗАБРАНЕТИ: E 103, E 105, E 111, E 121, E 125, E 126, E 130
ПРЕДИЗВИКУВААТ ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЦРЕВАТА: E 221, E 222, E 223, E 224, E 407
ПРЕДИЗВИКУВААТ  РАК: E 216, E 217, E 131, E 142, E 210, E 211, E 212, E 213, E 215
СОМНИТЕЛНИ: E 104, E 122, E 241, E 141, E 171, E 173, E 180, E 320, E 250, E 251
МНОГУ ОПАСЕН: E 123
ПРЕДИЗВИКУВААТ ОСИП: E 311, E 312
ШТЕТНИ ЗА КОЖАТА: E 226, E 231, E 232
ПРЕДИЗВИКУВААТ ПОРЕМЕТУВАЊА НА ЖЕЛУДНИКОТ: E 322, E 339, E 340, E 341, E 450, E 461, E 462, E 463, E 465, E 466

Дали во своето тело ќе внесувате отрови или не, изборот зависи само од вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3642 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус