Здравје, Здрави навики

Никако пуканки за во микробранова печка !

04 март, 10:25

Секое гледање на филм, некако потсвесно е поврзано со грицкање на пуканки.

Уште од многу одамна се знае дека пуканката важи за една од најздравата ужина но доколку е подготвена дома, на стариот, традиционален, здрав и веќе добро докажан начин.

Ви препорачуваме кога сте во маркет, повеќе никако и никогаш да не посегнувате по пакетчиња со пуканки кои се наменети за приготвување во микробранова печка, бидејќи во голема мера се штетни за организмот и секако за здравјето. 
Наместо нив, одберете пакетчиња во кои се продаваат цели зрна од пченица, од кои вие самите ќе си подготвите домашни и здрави пуканки.

Што е тоа што треба да го знаете за пуканките кои се наменети за во микробрановите печки?

Обвивката во која се спакувани зрната пченица наменета за во микробранова печка, исто како и други видови на спакувана и брза храна, содржи perfluorochemicals – состојка, која е многу штетна и која предизвикува различни заболувања на репродуктивниот систем и која научно е докажано дека предизвикува различни видови на рак.
Кога оваа штетна состојка ќе се растопи, под дејство на топлината од микробрановата печка, веднаш се лепи на самите пуканки кои се внатре во ќесата. Потоа преку нив се внесува во организмот и таму останува многу долго време. 
Се смета дека оваа штетна состојка спаѓа во групата на пластика и затоа не може брзо и лесно да се преработи и да се исфрли од организмот.

Исто така вештачки предизвиканиот маслен вкус кој ги мами сите купувачи е предизвикан од уште една штетна хемиска состојка која се става во самата внатрешност на ќесата. Позната е под името диацетил (diacetyl), која пак е директно поврзана со оштетувањето на белите дробови. 

Консумирањето на овие штетни пуканки предизвикува најразлични нарушувања на здравјето, предизвикува дигестивни болести, алергии на одредени типови на храна, белодробни заболувања, ја нарушува нормалната функција и работа на тироидната жлезда, предизвикува тумори и различни видови на рак.

Наредниот пат кога ќе одлучите да гледате филм, самите пригответе си пуканки и не ризикувајте да заболите од некои од наведените заболувања. 

Времето за подготовка на овој начин е малку подолго, но пуканките ќе бидат здрави и хранливи бидејќи ќе бидат зачинети со природни зачини и без вештачки додадени хемикалии и ќе бидат приготвени на природен и здрав начин.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7112 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус