Техно Свет, Мобилни

Nokia претстави 4 нови телефони

25 февруари, 13:19

На Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Nokia претстави 4 нови модели на мобилни телефони, меѓу кои и Nokia Lumia 520 и Nokia Lumia 720. 

Nokia Lumia 520 и Nokia Lumia 720 по многу нешта се слични помеѓу себе, поседуваат исти карактеристики, но исто така и по многу нешта се разликуваат.

Во зависност од карактеристиките кои ги поседуваат, одберете го вашиот нов паметен телефон и бидете во чекор со најновите перформанси кои ги нудат Nokia Lumia 520 и Nokia Lumia 720.

И двата телефони се карактеризираат со супер осетлив дисплеј, па може да ги користите и со ракавици.


Nokia Lumia 720 е опремен со 4.3 инчен заоблен екран за поширок агол на гледање и подобра читливост.
Телефонот има 6.7 мегапикселна камера на задната страна, дебелина од 9 милиметри и тежина 128 грама.
Има dual-core процесор кој е во комбинација со 512 MB RAM меморија, батерија со капацитет од 2000 mAh и можност за безжично полнење.
Nokia Lumia 720 доаѓа во пластична тело - во различни бои и заменливи панели - црвена, жолта, цијан...
Продажбата на Nokia Lumia 720 ќе започне од Азија, по цена од 249 евра.

 

Nokia Lumia 520 доаѓа со 4 инчен екран, дигитална камера како онаа кај Nokia Lumia 920, со можност за панорамско и паметно снимање, но нема можност за безжично полнење.
Nokia Lumia 520 тежи 124 грама и е со дебелина од 9,9 милиметри. 
Има dual-core 1 GHz процесор и 512 MB RAM меморија.
На задната страна има камера од 5 MP, која подржува снимки со 720p видео снимање.
Nokia Lumia 520 ќе се продава по цена од 139 евра.


За оние кои сакаат да платат малку, а да користат Nokia, тука се Nokia 301 и Nokia 105.

Nokia 301 има подобрувања во делот на фотографирањето кои не се сретнуваат кај другите телефони од пониска класа, а ќе чини само 65 евра.

 

Nokia 105 со цена од само 15 евра е телефон кој е погоден за надвор, поради неговата тастатура отпорна на прашина како и моќното светло кое може да послужи како батерија.
Од компанијата тврдат дека Nokia 105 има неверојатно трајна батерија која се полни само еднаш месечно.


 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3044 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус