Животен стил, За него

Носете лилава боја доколку сакате да освоите нечие женско срце!

03 април, 06:25

Бојата многу често зборува за карактерот и моменталното расположение на личноста. 

Експертите кои се занимаваат со оваа проблематика дојдоа до резултати преку кои им кажуваат и ги советуваат сите момчиња кои се сингл, да ја зголемат својата гардероба со парчиња облека кои ќе бидат во лилава боја. 

Наводно истите тврдат дека момчињата кои носат некаков лилав детал на себе, џемпер, кошула, кравата, сако, маица, блуза или палто со лилава боја многу полесно ќе ги привлечат љубопитните женски очи и полесно ќе ги натераат истите да ја прифатат поканата за состанок.  

Преку бојата на облеката се испраќаат пораки до спротивниот пол кои мозокот е навикнат да ги забележува и перципира.  

Општо познато е дека машкиот пол многу лесно и без проблем ги забележува девојките кои носат облека со црвена боја, па уште ако девојката е убава и со добри пропорции на телото, веќе станува збор за добитна комбинација. 

Иста ваква добитна комбинација ќе се постигне и кај припадничките на понежниот пол доколку забележат машки кои на себе носат облеката во лилава боја.

Лилавата боја која е многу привлечна за женскиот пол најчесто асоцира на нешто што е неконвенционално, невообичаено, па замислете како ќе бидете доживеани во женските очи доколку на себе имате некој лилав детал.

Доколку оваа романтична лилава боја не била до сега присутна во вашите плакари - време е за промени. Набавете си парче лилава облека и уживајте во воздишките кои ќе ги забележувате насекаде околу вас, едноставно ќе бидете во центарот на вниманието насекаде каде што ќе се појавите, а особено ќе бидете во центарот на женските срца.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1925 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Тиквата – основа за лечење на најтешките заболувања

2019-09-30 06:13:00
Тиквата – основа за лечење на најтешките заболувања
Семките од тиквата имаат значаен терапевтски ефект. Помагаат за уништување на цревни паразити, ги чистат крвните садови, го регулираат нивото на холестерол и ја стимулираат работата на бубрезите.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Декември

13 Декември

Во 1967 година роден е познатиот актер Jamie Foxx.

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус