Нов ден – нова шанса за промени

30 ноември, 03:36

„Ние човечките суштества не си наоѓаме одмор и спокој. Набљудувајте го светот околу себе: дрвјата, птиците, тревата, животните ... сé што е создадено. Ќе ви кажам нешто. Целиот свет е преполн со радост. Сé што живее е среќно! Знам, знам: постои болка, страдање, минливост, стареење и смрт. Да, сето тоа е дел од овој свет, но сфаќате ли вие што всушност е среќа? Само човечкото суштество е жедно, само човечкото суштество е немирно. Зарем тоа не е малку чудно? Зошто е човекот несреќен и што може да стори својата тага да ја претвори во радост? Зошто луѓето се тажни? Затоа што тргнуваат од погрешни идеи и изопачени ставови, од илузии и предрасуди ...”
 
„Новиот ден” – Антони Де Мело
 
Промените кои несвесно ни се случуваат за да нè направат подобри луѓе треба да нè прават неизмерно среќни.

Треба да сме отворени за нови идеи, забелешки, сугестии, насочувања, сé со цел да се подобриме во секој сегмент од животот.

Треба да се научиме да му се радуваме на малите нешта кои нè опкружуваат секојдневно, бидејќи убавината и среќата е токму во нив.

Нов ден значи ново и подобро утро

Бидејќи самите сме креатори на убавината на новото утро, ајде да го направиме подобро од претходното, ќе бидеме многу посреќни, поисполнети и позадоволни од работата која успешно сме ја завршиле. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2878 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус