Мој предлог, Книга

„Новиот ден“ – Антони Де Мело

24 јуни, 18:00

Антони Де Мело е светски познат писател кој целиот негов живот се трудел да им ги отвори очите на луѓето за да станат свесни за себе и за вредностите на постоењето.
Оваа книга е сведоштво на последните негови предавања посветени на вистината, на љубовта и на духовното просветлување. 
Оваа книга е неговата животна филозофија, патоказ кон будењето на духот и  кон новиот живот, за на крај да гледаме јасно, со поглед што не е замаглен од страв и со желба храбро да живееме сега и овде преживувајќи го секој нов миг со свежина на дете.

Замислете дека постои свет во кој никој нема да има моќ да ве направи да бидете депресивни, свет во кој не постои никакво уценување, свет во кој не постојат несогласувања помеѓу брачните партнери, свет во кој конкуренцијата не се претвора во војна, свет во кој луѓето не патат од осаменост, свет во кој никој од никој не се плаши...

Таков свет не може да креира ниту едно општество, не можат да го создадат ниту најразвиените земји, бидејќи не е нешто кое може некако да се создаде, или да се направи.

Потребно е секој од нас да го промени својот начин на живот и размислување, потребно е сосема да се промениме, потребно е да имаме нов пристап и сосема поинаков увид од она што до сега сме биле навикнати да го правиме.

Треба да ги отфрлиме погрешните сфаќања и илузии во кои веруваме и кои до сега ни носеа само страв и страдање.

Основната идеја која ја носи книгата „Новиот ден” е токму таа, промената да ја започнеме ние самите, да тргнеме и да почнеме од себеси и да се надеваме дека сѐ во светот полека ќе се менува кон подобро.

„Молитвата, љубовта, духовноста и верата претставуваат ослободување од илузиите. Кога еднаш ќе ги отфрлиме илузиите, нашето срце е слободно, љубовта се шири. Тогаш сте среќни. Тогаш сте просветлени. Дури тогаш го спознавате Господа ...”

„Новиот ден” е книгата која ќе ви го открие и покаже патот кој води до среќата, слободата, љубовта ...

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4926 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус