Новитети

Експерт за технологија на деветгодишна возраст!

17 јануари, 11:32

Пранав Каљан не е обично деветгодишно дете. Ни помалу, ни повеќе, тој е вистински експерт за Windows 8, кој штотуку го положи испитот на Microsoft и доби сертификат за специјалист по технологија.

За испитот Пранав се подготвувал 18 месеци, при што осум часа дневно програмирал.

Чудото од дете покажувало интерес за компјутери уште на двегодишна возраст, а веќе на шест години почнало да пишува кратки софтверски програми.

Најмалиот експерт за технологија на светот сака да биде научник, има неверојатни познавања од областа на математиката, а посебен предизвик му е решавањето на комплицирани математички проблеми.

Малиот експерт, во интервјуто за Times Of India изјави дека токму љубовта кон математиката му помогнала да навлезе во светот на технологијата.

Секоја чест за ваквите мали генијални умови! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1146 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус