Новитети

И Apple е хакиран!

20 февруари, 11:59

По facebook и Apple призна дека е хакиран. Нападнати се само неколку компјутери на еден од тимовите за развој на софтвер. Хакерите ги искористиле недостатоците на Java и успеале да инсталираат малциозен софтвер на нивните Mac компјутери.

Од Apple изјавија дека проблемот веднаш е решен и нема место за паника.

Пред скоро време и facebook беше нападнат, а неколку дена по овој напад од Apple ја објавија алатката Java patch за OS X, која служи за „чистење“ на заразени компјутери.

Според Американската компанија „Mandiant“ која се грижи за безбедноста на Интернетот, за овој и низа претходни напади одговорна е „кинеската војска“. Но, од ИТ компаниите сè уште молчат, не откривајќи кој е виновникот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1116 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус