Новитети

Саем за автомобили во Белград

20 март, 10:53

Најновите модели на пазарот ќе бидат претставени на саемот за автомобили во Белград. Саемот свечено ќе биде отворен на 22 март (петок) и ќе трае до 31 март под мотото „Паркирани за вас“.

На 75-от јубилеен белградски саем ќе бидат претставени 37 автомобилски брендови, а ќе имате можност да погледнете и 51 саемска премиера. Според очекувањата најголемо внимание ќе привлечат настапот на McLaren со моделот MP4-12C и SLS AMG Black Series.

Истовремно, ќе се одржи и 7-от меѓународен саем за мотори и велосипеди.
За кредибилитетот и големината на саемот говори фактот што тоа е дел од 13-те официјални саеми на Меѓународната асоцијација на производители на автомобили (OICA).
Доколку сте заинтересирани побрзајте и бидете меѓу првите кои ќе ги погледнат новите модели. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4306 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус