Новитети

Шолја која брои калории

10 јули, 00:06

Магичната шолја „Vessyl” е многу повеќе од обична шолја која секојдневно ја користиме. Станува збор за изум кој ги надмина сите досегашни очекувања во областа на техниката и модерната и напредна технологија.

Паметната „Vessyl” шолја во буквална смисла на зборот ја мери секоја течност која преку неа ќе се внесе во организмот, па така цело време може да се има информација колку калории секојдневно се внесуваат во телото.

„Vessyl” шолјата не ги мери само калориите кои се внесуваат, таа исто така мери и колку шеќер, кофеин, алкохол и колку вкупно течност дневно се внесува во организмот.

Шолјата има вградена батерија која преку ноќ може да се полни за да покажува точни и релевантни резултати.

Веднаш штом течноста се стави во шолјата, сензорите кои се вградени во неа за само неколку секунди на надворешната страна на шолјата ќе ги испишат информациите кои ќе ги прочитаат од течноста, па така во ист момент се добива информација што се пие, колку се пие, колку калории содржи течноста и ред други информации.

Во светот оваа шолја веќе е хит број еден, особено кај луѓето кои внимаваат што внесуваат, кои секојдневно бројат калории и се грижат за надворешниот изглед.

Ако се користи преку целиот ден од неа се добива и информација која кажува кога е доста од внесување на течности во телото со појава на сина точка на самиот врв од шолјата.

Може да се поврзи со мобилен телефон на кој стигаат информации што сѐ сте испиле во текот на денот.

Интересен и корисен изум во секој случај кој може да не поттикне на размислување за тоа колку е важен здравиот начин на живот и колку е важно здраво да се храниме и да внесуваме здрави течности со помалку калории.

Да се надеваме дека за скоро време ќе ја имаме и кај нас оваа паметна „Vessyl” шолја.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1800 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус