Новитети

Стигнуваат новите паметни часовници на Google

08 август, 13:00

Новата платформа на часовниците на Google на корисниците ќе им овозможи сите информации кои вообичаено им стигаат на телефон, да може да се превземаат директно од часовникот.
 
Основната функција на секој часовник е да покажува точно време, но како што се менува времето, така се менува и технологијата, па така часовникот во иднина повеќе нема да биде само обичен часовник.

Дејвид Синглтон кој е директор на Андроид инженеринг изјави дека новиот часовник ќе има Андроид оперативен систем и покрај точното време ќе покажува и соодветни информации за тоа каде се наоѓате во моментот, ќе ве предупредува, ќе ве известува, ќе ви помага да најдете потребни информации кои ви се потребни во моментот и преку него ќе можете да одговарате на пораки.   

Google во соработка со Samsung најавува дека првиот Андроид часовник треба да се појави за скоро време на пазарот.
Производителот исто така очекува дека овој паметен часовник ќе направи револуција во напредната технологија, па токму поради тоа засилено работи на досвршување на овој вид на часовник, за кој се надева дека во иднина ќе им биде потребен и неопходен на секој корисник.

Првите неколку модели кои ги изработи компанијата заедно со Fossil group се со едноставен тркалезен облик, во црна и бела боја, но производителот кажува дека тие се само основната верзија на она што допрва треба да се произведе, а тоа секако се очекува да бидат ултра модерни и стилски дизајнирани паметни часовници.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1113 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус