Новитети

Time Timer Watch – часовник кој одбројува до крајниот рок

06 март, 11:01

Алармите кои ги подесуваме на будилниците или мобилните телефони нè будат или нè потсетуваат дека нешто треба да направиме.

За дополнително потсетување, а и мотивација за сите оние кои имаат навика да си ги одлагаат обврските, тука е Time Timer Watch – часовникот кој одбројува до крајниот рок, па како што се ближи времето кога треба да ја завршите обврската, така часовникот одбројува и ве известува колку време ви останало.

Time Timer Watch неуморно ги мери минутите и секундите, па дури и оние најтрпеливите нема да можат да го игнорираат и ќе се фатат за работа.

Тоа е и неговата примарна цел, бидејќи дизајнот не наликува на модерните часовници, нема можност да изберете боја (Time Timer Watch е сив), но затоа добивате голем дисплеј на кој прегледно се прикажани сите подесувања кои сте ги направиле, а има и можност за вибрации кои ќе ве потсетат дека времето изминува и се ближи крајниот рок.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1278 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус