Новитети

Зголемена продажбата на автомобили во Кина

15 април, 07:41

Продажбата на автомобили во Кина во месец март оваа година е зголемена за 10% во споредба со истиот период минатата година. 

Бројката од 2,04 милиони продадени автомобили претставува нов месечен рекорд на продадени автомобили. Според Кинеската асоцијација за продажба на автомобили, порастот се должи на зголемената побарувачка на патнички возила.

Според асоцијацијата, во првиот квартал од 2013 година во Кина се продадени извонредни 5.42 милиони автомобили, што е 13,2% повеќе од минатата година истиот период. Продажбата на патнички автомобили во првиот квартал е зголемена за 17,2%, поточно, продадени се 4.42 милиони автомобили.

Глобалната консултантска куќа Мекинсли во 2012 година излезе со прогноза дека до 2020 година продажбата на автомобили на кинескиот пазар ќе се зголеми до 22 милиони возила.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1096 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус