Новогодишни здрави топчиња со ориз и суво грозје

22 декември, 12:23

Ако сакате во новогодишната ноќ да бидете со здравата храна, а сепак да бидете „IN” пред вашите гости, тогаш направете ги овие прекрасни и необични топчиња во повеќе варијанти: бели, кафеави, со чоколадни трошки или во други разни бои што зависи од вашата имагинација.

 

 

 

Потребен материјал:

  • ½ кг. бел или интегрален ориз
  • 150гр. суви смокви
  • 150гр.суво грозје
  • 150гр.урми
  • 150гр. брусница
  • 150гр. суви кајсии
  • 100гр. ореви
  • 100гр. лешници
  • 100гр. бадем
  • 100гр. бел или интегрален сусам
  • 100гр. кокосово брашно
  • 100гр. печени кикиритки
  • 100гр. семки од сончоглед непечени
  • ½ кафено лажиче мелен цимет
  • ¼ кафено лажиче мелено каранфилче
  • какао

 

Подготовка:

Сувото овошје се сечка на мали парчиња освен сувото грозје и брусницата. Јаткастото овошје исто така се сечка или толчи во аван на не многу ситни парчиња. Сусамот се пропржува на сува тава на средна температура со постојано мешање сè додека не почне зрното да пука и не почне да се чувствува мирисот на печен сусам. Потоа се остава да се излади.

Оризот, ако е бел тогаш се вари со прстофат сол така што зрното треба да остане цело, но не тврдо. Ако пак се одлучите за интегрален тогаш го варите на следниот начин: оризот се мие, се става прстофат сол и се става ладна вода во однос 1 :  2½ . Се става на силен оган да зоврие. Ако се појави пена се отстранува со лажичка, температурата се намалува, се покрива со капак и се остава да се вари сè додека не ја испие водата. Потоа се трга на страна и се остава сè додека не набубри сосема.

Откако оризот ќе се излади, се става во подлабок сад и во него се додава сечканото суво овошје, јаткастите плодови и сè друго. Комбинацијата на сувото овошје и јаткастите плодови е по личен избор. Не е задолжително да ги има сите, но зачините и семките да. Ако се прават бели, тогаш се додава кокос, ако сакате темни се додава какао.

Во садот состојките се спојуваат со рака месејќи сè додека не се добие една компактна смеса со тоа што треба да се внимава оризот да не биде премногу згмечен.

Од така добиената смеса се прават топчиња кои се валкаат или во сусам, или во кокос, или во какао.

Подобро е да се прават со интегрален ориз бидејќи вкусот на интегралниот ориз е помеѓу ориз и пченица што особено е благопријатен за комбинација со другите состојки.

Со убава чаша вино и слатките топчиња Новата година ќе ја пречекате како во најромантична приказна од бајка. И љубовта ведне глава пред две нешта: СЛАТКА ДЕЛИЦИЈА ОПИЕНА СО ЦРВЕНО ВИНО И РАПСОДИЈАТА ВО СИНО. СРЕЌНО....


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2232 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус