Новости

Цели 30 години ја криеле својата тајна!

22 септември, 06:46

Девет жени од Тенеси, на возраст од 54 до 72 години, цели 30 години успешно ја криеле својата тајна од светот.

„Деветте дадилки”, како што сакаат да ги нарекуваат, 30 години тајно се собирале во раните утрински часови, околу 4 часот наутро, и работеле на нивната тајна задача. Нивната мисија била да шират среќа, и токму тоа и го правеле повеќе од три децении.

Овие неверојатни жени ја разбрале суштината на животот, а тоа е дека единствено живот проживеан за другите е вреден за живеење.
Секое утро започнувале со подготовка на големо количество колачи и мали тортички кои потоа им ги праќале на оние на кои им била потребна помош или малку добрина.

Дел од жените се сестри кои пораснале без родители и добро ја научиле лекцијата дека понекогаш, само еден мал гест на добрина некому може да му го разубави денот, па и животот. Жената која ги одгледала ги научила на значењето на тој мал гест добрина, и токму во нејзина чест е започната оваа прекрасна приказна за деветте дадилки.

Замислете дека денес сте многу осамени, несреќни, болни, тажни..., а некој странец ви праќа колачи, ви покажува дека мисли на вас, дека не сте сами... 

Откако ќе завршеле со подготовката на колачите и нивната тајна испорака, жените му се враќале на секојдневниот живот.

За да ја реализираат својата мисија, се откажувале од многу нешта, купувале облека само на распродажба, не оделе во салони за убавина, штеделе на сè што можеле, само да соберат пари за своите колачи кои шират среќа.

По 30 години нивната тајна била откриена од сопругот на една од нив, а кога разбрале сите сопрузи, не само што не се налутиле, туку и ги поддржале во мисијата.

Денес деветте дадилки имаат своја кујна во еден ресторан, прават тортички кои ги продаваат за 5 долари, а со добиените пари донираат облека, постелнина и храна за сиромашните. Досега имаат потрошено преку 900 000 долари за помош на потполно непознати лица, и не запираат!
Имаат и свој веб сајт, каде меѓу другите прекрасни зборови ќе наидете и на мислата која ги води низ животот: Ако видиш нечија потреба, пополни ја!

Деветте чудесни „дадилки” се неверојатен пример за добрината, несебичноста и човечноста. Како што и самите знаат да кажат, тие работат за да создадат сладок свет!

Секоја чест!


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2248 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус