Новости

Камерон Дијаз е најплатената актерка во Холивуд

08 јуни, 09:50

Благодарение на филмот „Bad teacher”, Камерон Дијаз е најплатената актерката со возраст од над 40 години.

Во филмот настапуваше заедно со Џастин Тимберлејк, со кого и одреден период за време на снимањето на филмот беше во врска.

Играјќи ја улогата на лоша наставничка во филмот, Камерон Дијаз заработи неверојатни 42 милиони долари наместо 15, како што било првобитно планирано на почетокот на филмскиот проект, сума која ја постави да биде на прво место во листата на актерки кои имаат над 40 години.

На оваа сума можат да ѝ завидат останатите докажани и искусни актерки кои имаат поголемо филмско искуство од Камерон Дијаз.

На листата во ова категорија веднаш зад неа се наоѓаат актерките Сандра Булок, која има 48 години и со одличната глума во филмот „The Heat” заработи 10 милиони долари,

Sandra Bulok, Сандра Булок

и беспрекорната Мерил Стрип, која за последниот нејзин филмски проект заработи 6 милиони долари.

Мерил Стрип, Meril Strip

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1701 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус