Новости

Во пресрет на Канскиот филмски фестивал

14 мај, 11:44

Кан ги прави последните подготовки во пресрет на престижниот фестивал кој започнува утре, 15 мај, а ќе трае до 26 мај.

Организаторите го поставија официјалниот постер на овогодинешниот фестивал. Честа да се најдат на постерот оваа година им припадна на легендарните Пол Њумен и Џоан Вудворд.

 

 

 

kanski festival, кански фестивал, пол њумен, леонардо ди каприо, големиот гетсби
На постерот е прикажана фотографија од снимањето на филмот „A New Kind of Love” кој актерите го снимија во 1963 година.
Њумен и Вудворд беа една од најдобрите холивудски двојки, заедно глумеа во повеќе филмови, а беа и долгогодишни брачни другари. На Канскиот филмски фестивал за прв пат се појавија заедно во 1958 година, непосредно по нивната венчавка, претставувајќи го филмот „The Long Hot Summer” во кој за прв пат глумеа заедно.

Оваа година Фестивалот има малку поинаква програма. Обично се отвора со премиера, но годинава ќе биде отворен со „Големиот Гетсби”, филм кој веќе ја доживеа својата премиера во Америка. Легендарниот Роберт Ретфорд беше првиот Гетсби во 1974 година, а овојпат улогата на трагичниот романтичен јунак му припадна на Леонардо Ди Каприо.

кански фестивал, роберт редфорд, леонардо ди каприо, големиот гетсби
Редфорд како Големиот Гетсби

кански фестивал, леонардо ди каприо, големиот гетсби
Ди Каприо како Големиот Гетсби

„Големиот Гетсби” ќе биде прикажан во 3Д, нешто што се случува по втор пат во историјата на фестивалот.

На чело на жирито годинава ќе биде Стивен Спилберг кој изјави дека е почестен од доделената улога.

Канскиот филмски фестивал е една од најпрестижните манифестации, а самото учество на фестивалот претставува посебна чест за актерите и режисерите.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1367 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус