Новости

Ледениот предизвик почнува да нервира, следи нов Предизвик со ориз!

26 август, 13:01

Она што започна како хуманитарна акција за собирање средства за смртоносната Амиотрофична латерална склероза, прерасна во вистинско шоу кое масовно се шири низ планетата.

„Ледениот предизвик” за некои е начин да ја покажат хуманоста, но за повеќето е забава и одлична можност да се покажат себеси пред јавноста, да врескаат како луди од студената вода и бесцелно да го прифаќаат предизвикот.

Дека „Ледениот предизвик” на многумина почнува да им оди на нерви покажа еден од уредниците на Википедија кој јавно го изрази своето незадоволство од ваквиот начин на собирање парични средства.

На официјалната страна на „Ледениот предизвик” вчера се појави доста вулгарна содржина на незадоволство, објавена токму од уредникот на Википедија.

Неговото мислење, (кое го парафразираме поради вулгарностите), со кое многумина ќе се согласат е следно: Ледениот предизвик е не само смешен туку и неодговорен начин на собирање средства. Додека милиони луѓе во Африка умираат за вода, некои истураат огромни количини за навидум хумани цели. Само мал дел од оние кои го прифаќаат предизвикот донираат парични средства, сите останати тоа го прават бесцелно.

„Посакувам наместо водата која си ја истурате врз главите, да си фрлите врз себе огромно парче мраз” – им порача уредникот на Википедија на сите оние кои го прифаќаат предизвикот.

Дека постојат многу подобри начини да се биде хуман, а притоа да не се троши бесцелно она што за некои значи живот, покажа новиот „Предизвик со ориз” кој се шири низ Индија.

Наместо врз себе да истурате вода (или ориз), овој предизвик ве охрабрува некому да подарите чинија со ориз. Целта на предизвикот е да им се помогне на гладните во Индија, да се направи нешто добро и значајно на локално ниво, без непотребно драматизирање и трошење на драгоцената течност.

Секоја чест за идејата која може да се примени во целиот свет. Секој од нас може да му подаде чинија со храна на некој бездомник, сиромашен сосед, гладно дете...

Човечноста и хуманоста се нештата кои се важни, а не популарноста, врескањето и глупирањето пред камерите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2976 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус