Новости

Нов скандал на брендот Зара

27 август, 14:42

Светски познатиот бренд Зара е популарен во многу земји во светот, а ланецот на продавници со децении успешно опстојува на пазарот.

Производителот е познат по својата умешност да создаде нов производ за само 2 седмици, како и по својата политика наместо вложување во реклами да вложува во отворање нови продавници.

Пред една година изби скандал околу работењето на Зара кога аргентинските власти открија деца кои работеле и по 16 часа дневно во една од фабриките на производителот.

Пред неколку дена Зара повторно наиде на осуда од јавноста, овој пат поради еден од нивните најнови производи.

Станува збор за детска маичка на риги со жолта ѕвезда. Дизајнот и бојата многу потсетува на облеката во концентрационите логори, како и ѕвездата на Давид која Евреите биле принудени да ја носат.

Нов скандал на брендот Зара, zara, skandal, davidova dzevza, everi, holokaust, евереи, давидива ѕвезда, холокауст, мода

По силната реакција од јавноста, Зара се извини и веднаш го повлече производот од продажба.

Најчестата критика која јавноста ја упати до дизајнерите на контроверзната блуза беше: „Каде ви беше паметот?”
Од компанијата излегоа со објаснување дека инспирација им била ѕвездата која ја носеле шерифите во вестерн филмовите и воопшто не помислиле нити пак сакале некого да навредат.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2982 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус