Новости
Црвениот тепих на Оскарите
Секоја година церемонијата на доделување на Оскарите привлекува огромно внимание поради трката за најдобар филм, актери и режија, но она што оваа церемонија ја прави толку гламурозна е токму црвениот тепих, односно холивудските ѕвезди кои наголемо се подготвуваат за Оскарите, покажувајќи ги своите елегантни тоалети креирани од најголемите имиња во светот на модата.
Погледнете дел од овогодинешниот гламур на Оскарите.
Ејми Адамс, ѕвездата на Американска измама избра креација на Гучи
Џенифер Лоренс, минатогодишната добитничка на Оскар годинава се одлучи за Диор
Глен Клоуз елегантна како и секогаш
Кејт Бланшет, добитничката на Оскар за најдобра женска улога блескаше во креацијата на Армани
Шарлиз Терон носеше крација на Диор
Ен Хатавеј и годинава не покажа креативност при изборот на тоалета
Лупита Најонго, ѕвездата на 12 години роб блесна во креација на Прада
Мерил Стрип носи креација на Ланвин иако може да облече било што, самата нејзина појава секогаш е беспрекорно елегантна и совршена
Можеби не го доби Оскарот, но Сандра Булок сигурно блесна во креацијата на Мек Квин
Пенелопе Круз никогаш не направила погрешен избор при изборот на тоалета за Оскарите
Анџелина Џоли во креација на Ели Саб, можеби нејзиниот најдобар избор досега
За споредба, потсетете се како изгледаа ѕвездите на доделувањето на Оскарите минатата година.
Додади коментар