Новости

Сојата предизвикува неплодност кај мажите

01 август, 07:29

Истражувачите на Кралскиот универзитет откриле поврзаност меѓу зголеменото консумирање соја и лошиот квалитет на спермата.

Проблемот, според мислењето на научниците, лежи во тоа што сојата содржи женски хормон естроген, чие присуство може негативно да влијае на плодноста кај мажите.

Научниците предупредуваат дека голем број прехранбени производи содржат соја, која пак содржи повеќе естроген од кој било друг производ.

Истражувачите додале дека истражувањето покажало оти преголемото внесување соја најмногу дејствува на мажите кои поради други причини веќе имале проблеми со квалитетот на спермата.

Според мислењето на научниците, момчињата што пред пубертетот консумирале големи количества соја може да имаат тешкотии со плодноста, но и зголемен ризик од структурални нарушувања во репродуктивниот систем, па дури и рак на тестисите во подоцнежните години.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3603 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус