Занимливост, Убави нешта

Прекрасна инсталација направена од книги

16 мај, 00:09

Кориците на книгите кријат прекрасен свет кој ја буди вашата фантазија, ве носи далеку, ви открива нови нешта, ги проширува вашите хоризонти...

Книгите, тие чудесни домови на пишаниот збор, овој пат добиле една сосема нова намена – прераснале во материјал од кој е направено ова необично игло.

Иглото е дело на колумбискиот уметник Милер Лагос, кој своето уметничко дело го нарекол Дом.

Направено е од илјадници книги, внимателно наредени без никаква друга потпора.

Овој необичен дом крие најразновидни романи, речници, филозофски книги, сè што можете да замислите дека постои во светот на пишаниот збор.

Милер честопати користи книги за своите уметнички инсталации, но се чини дека оваа е неговата најдобра инсталација досега.

инсталација направена од книги, игло од книги, уметност, уметничка инсталација, скулптура, iglo, knigi, instalacija

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3877 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус