Интересни факти од целиот свет

15 октомври, 06:33

Не дека ви се потребни или корисни, но фактите за природата, живиот свет и воопшто планетата Земја секогаш се интересни.

За сите оние кои сакаат да дознаат нешто ново, издвоивме дел од најинтересните факти од целиот свет.

 

 

Жените трепкаат два пати повеќе од мажите.


Просечна личност во текот на животот поминува растојание еднакво на 4 обиколки околу Земјата.


Рубиковата коцка може да се реши со 20 или помалку потези.


Сладоледот од ванила опфаќа 1/3 од вкупниот сладолед кој се продава низ светот.


Само 10 % од населението на Земјата живее на јужната хемисфера.


70 % од црвеното месо кое се јаде низ целиот свет е токму козјото месо.


Просечната длабочина на океаните е околу 4.3 км.


Специфичната боја на пердувите фламингото ја добива поради храната која ја јаде.


Без оглед дали трчате или пешачите, губите 60 калории на 1 километар.


Земјата е погодена од молња околу 8 милиони пати дневно.


На планетата Земја има повеќе пилиња и кокошки отколку луѓе.


Луѓето се раѓаат со 300 коски, но со текот на годините дел од нив се спојуваат, па возрасниот човек има 206 коски.


Околу 97% од водата на Земјата не е погодна за пиење.


Популацијата на кенгури во Австралија понекогаш ја надминува популацијата на луѓе и тоа во сооднос 2:1!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2196 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус