од мој агол

4 нешта кои се подобри од facebook, или не?

09 јануари, 09:50

Дружењето на социјалните мрежи е забавно, но што е со реалниот живот? Сте помислиле ли дека постојат и други нешта освен постојаното споделување на фотографии, коментари за фотографиите и коментари за коментарите?
Веројатно повеќето од вас нема да се согласат, но постојат многу поинтересни и повредни нешта од социјалните мрежи.

Еве на што може квалитетно да го користите времето потрошено на facebook:

 

Наместо да споделите фотографија од некој специјалитет и сите да се воодушевуваат колку убаво ви испаднало, повикајте ги пријателите и заедно уживајте во вашите кулинарски способности. Ем ќе ви лајкнат на лице место, ем ќе си направите убава седенка.

Постојано споделувате фотографии од убави места, планини, паркови и плажи?
А кога последен пат сте биле на излет, на ливада или на планина? Онака спонтано, без многу договарање и организирање, едноставно подготвувате неколку сендвичи, влегувате во автомобилот и уживате во природа.

Времето потрошено на читање туѓи коментари и споделени вести за несреќи (не можам да се изначудам што некои дури и ги лајкнуваат, како да е тоа нешто интересно или вредно за споделување) може да го искористите на пример за читање книги (што беа тоа книги?).

Разговор, зборување на глас, вистинска, ѕвонлива смеа на пријателите, прегратки, сјај во очите на соговорникот... Е тоа е навистина подобро од :),  :D и :)))))).

Не се согласувате? Во ред, вашето слободно време е само ваше и вие одлучувате на што ќе го потрошите.
Сакав само малку да ве боцнам, најпријателски, или ако зборуваме на јазикот на facebook, да ви направам едно poke:)

 


извор: Е.С.
автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1920 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус