од мој агол

Брза помош или лажна помош?

06 февруари, 07:25

Сигурно и на вас многу пати ви се има случено да ѝ дадете предност на брзата помош. Но, сигурно ви се има случено и следното, да им дадете предност за да стигнат да се видат со пријателот или да си купат за јадење или што и да е друго.

Јас бев еден од оние кои не веруваа дека тоа се случува сѐ додека не искусив на своја кожа.

Пред некој ден со кола тргнав по јадење во една пекара. Возев по прилично тесна и раскопана улица, а згора на тоа имаше гужва во сообраќајот. Одеднаш почна да се слуша сирена од болничко возило. Како и секој нормален човек им дадов предност со мисла дека имаат итен случај. Но, како сѐ да беше однапред добро изрежирано, другите пред мене не ја пуштаа да помине, па одевме една по друга. Каква случајност во иста насока. Само што наближив до пекарата болничката одеднаш сврти на забрането и се паркира точно пред влезот. Првото што си помислив е дека на некој од вработените му се слошило. Се паркирав малку подалеку и тргнав кон пекара.

Знаете кој беше итниот случај? Да си купат јадење и додека возачот плаќаше дотичните се размрдуваа пред комбе сигурно преморени.

После ова што мислите како треба да постапуваме со ваквите ендемични видови? Ќе треба и за нив реклами како и за угостителите?

Поради ваквите испади голем дел од возачите не им даваат предност.

Ако одговорните сè уште не се свесни каков кадар имаат, време е да отворат очи пред да биде предоцна.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1352 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус