од мој агол

Ким со 1 милион долари ќе израснеше 20 деца

19 јуни, 18:03

Неодамнешното породување на една од најекспонираните личности во медиумите Ким Кардашијан предизвика големо внимание кај јавноста. За нејзината бременост и породување се зборуваше со месеци, се потрошија милиони долари за трудничка облека и 1 милион долари за породувањето.

До денес неколку милијарди жени се породиле во наједноставни услови чие породување чинело и помалку од 1 денари. 

Милиони деца годишно страдаат од глад и жед, а уште толку возрасни лица. Додека некои лудуваат и не ги ценат парите, други страдаат за храна и немаат право да се изборат за сув леб и жешка нечиста вода. 

Ако Ким Кардашијан за миг помислеше колку се вредни 1 милион долари нештата ќе беа различни.

За да израснете 18 годишно дете, за кое месечно се потребни да претпоставиме 10 000 денари, ќе потрошите само 2 160 000 денари или околу 47 000 долари. Со 1 милион долари или 46 000 000 денари ќе израснете 20 деца до 18 години. (пресметката е направена според условите за живот во Македонија)

Размислете, парите потрошени за еден ден можеа да израснат 20 личности.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1397 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус