од мој агол

Кои се македонските оригинали?

26 јуни, 07:10

 

 

 

 

 

 

Неодамнешната посета на Херцег Нови ме поттикна да се запрашам колку го цениме своето и колку им оддаваме почит на оние кои тоа навистина го заслужуваат.

Ова е Њуњо, оџачар од Црна Гора, сосема едноставен човек кој некогаш живеел во Херцег Нови, а денес неговата статуа гордо стои во центарот на градот.

Пред статуата на Њуњо е напишано следното: „Ги памтиме нашите оригинали”.



Њуњо не бил историска личност, не војувал како Александар Македонски, Гемиџиите или Цар Самоил, не пишувал убаво како Коста Рацин, ниту пак ја ширел писменоста како Светите Климент и Наум.

Во што е тогаш неговата големина, па останал во сеќавањето на луѓето?

Иако не ја знам неговата приказна, сигурно живеел живот кој оставил белег, можеби направил нешто добро и корисно по кое Црна Гора го запаметила, можеби им помогнал на многумина, или едноставно бил единствениот оџачар Во Херцег Нови. Како и да е, Њуњо е оригинал, гордост на градот.

Кои се нашите оригинали?

Секоја чест на историските личности кои направиле нешто добро за оваа земја (впрочем секоја земја во светот си има своја историја и истакнати историски личности), но што е со обичните луѓе, што е со оние кои не се славни и немаат свои споменици, а оставиле или оставаат белег? Што е со нашите оригинали на кои никогаш не сме помислиле?

Сигурна сум дека секој град во Македонија има свој оригинал, личност која не се експонира, скромна душа која некогаш живеела на овие простори или сè уште живее, создава, помага, успева, но толку скромно и неосетно што понекогаш дури и забораваме дека постоела или постои.

Македонци, размислете кој е оригиналот на вашиот град, напишете го неговото име, да го спомнеме и да му се радуваме, раскажете ја неговата приказна колку и да е едноставна и на прв поглед неважна.

Ајде да ги пронајдеме нашите оригинали, секој град во Македонија да сподели своја приказна, да размислиме и предложиме, да паметиме.

Нема да им изградиме споменици, само името ќе им го спомнеме, но верувајте, тоа е многу поважно од куп камења, мермер и бронза.

Кој е вашиот оригинал?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1681 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус