од мој агол

Личности и настани кои го сплотија народот и ја одбележаа 2012

28 декември, 09:28

Годината што изминува секој ќе ја памети на свој начин, но на некои настани сите со радост ќе се сеќаваме и навраќаме.

Тоа се настани кои го сплотија народот, настани кои од срце нè израдуваа и кои долго ќе ги паметиме и чувствуваме како наш успех, наша радост, како најдоброто од Македонија.

Ова се настаните кога сите ние бевме едно, бевме горди Македонци, вистински синови и ќерки на оваа земја.

Успехот на машката ракометна репрезентација – момците кои го оставија срцето на теренот и се изборија за 5-то место на Европското првенство во ракомет.

 

Светски рекорд и златен медал во стрелаштво за Оливера Наковска Бикова – нашата златна девојка, најдоброто од Македонија.

Нов државен рекорд на Наковска Бикова на стрелачкото првенство во Белград – успех кој докажува дека нема граници за Оливера во спортското стрелаштво.

 

Успесите на Металург во Лигата на шампиони, победите кои го носат меѓу најдобрите европски ракометни клубови.

 

Македонската фаланга – неуморните навивачи кои достоинствено ги виореа македонските знамиња и навиваа од срце.

Годината ја одбележаа и други настани, за секој од нас повеќе или помалку важни, но овие гореспоменатите, спортските, оставија трага во нашата историја и донесоа радост во секој дом.

Ви благодариме за радоста која ни ја приредивте и ви посакуваме уште многу успеси и моменти вредни за паметење!


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1363 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус