од мој агол

Треба ли да се поклонуваме пред икона?

31 јули, 06:32

Иконата кај православните христијани претставува слика преку која се симболизира ликот на Господ Исус Христос, Пресвета Богордица и светците кои биле блиску до Бог. 

Ако се навратиме на Стариот Завет од Библијата, за оние кои ја прочитале е јасно дека Бог ги казнувал сите кои правеле идоли и им се поклонувале. Една од 10-те Божји заповеди е да не правиме претстава на она што е на небото и она што е под земјата. Посетувајќи ги православните храмови, во повеќе македонски градови ќе забележите разлика во градбата и правилата на секој храм.

Во некои храмови нема фрески на ѕидовите, а во некои цели ѕидови се исцртани со фрески и икони.

Ако не треба да правиме претстава на она што е на небото, зошто тогаш во некои храмови насликани се фрески со ангели како стојат над облак на небото, слики како доброто се бори со злото? 

Во храмовите ние се поклонуваме пред иконите на светците. Иако православното христијанство тврди дека е оправдано, зошто католиците и сите други движења во рамките на христијанството остро се спортивставуваат на тоа? Правиме ли грев?

Дали треба да правиме слика пред која ќе се поклонуваме или едноставно да се молиме кон Бог, кон Синот и кон сите свети гледајќи кон небото?

Ако размислиме добро светците се луѓе кои црквата ги прогласила за свети по нивната смрт. Тие се откажале од сите задоволства на овој свет и се посветиле да му служат на Бог и да се борат за христијанството. И тие се молеле на Бог да им даде сила.

Според христијанската вера Бог ќе ги насели во своето Царство нив, а ние на земјата им се молиме за и тие да се молат за нас пред Бог. Единствен на кого треба да се поклонуваме и да му служиме е Бог кој е Еден и на Господ Исус Христос, синот Божји. На Пресвета Богородица ние се обраќаме со молитва да се моли за нас пред Нејзиниот Син.

Во време на Стариот Завет или оној период кој го сметаме како период пред новата ера, поклонувањето пред икони, скулптури и било што се сметало за идолопоклонување и било строго забрането во христијанството.

Иконите денес се изработуваат од метал, се изрезбани во дрво, издлабени во камен, се везат на облека, се прават како мозаик од камења, во поново време се печатат на хартија или облека. На иконите ликот на светците е претставен преку спокојни и хармонични потези. Не сите настани се запишани во Новиот Завет, по што останува дилемата дали треба да се поклонуваме пред иконите?

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6177 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус