од мој агол

Уште ова ни фалеше!

26 февруари, 06:54

Македонци, стари и млади, добро подгответе се, започна нов „супер” квиз кој вашето знаење ќе го стави на тест каков не сте виделе досега!

Добро повторете си сè што „научивте” од турските серии, задолжително гледајте ја секоја епизода, а за да бидете сигурни дека нема да се усрамите, гледајте ги и репризите.

Немојте да ви се случи да не знаете да одговорите на некое важно прашање, па цела нација да се срами, да рече некој: „Овие Македонците имаат низок коефициент на интелигенција”.

И немојте случајно да гледате некоја поучна документарна емисија. Никако! Исклучиво турски серии, за да бидете топ подготвени.

А подгответе ги и вашите деца, и тие мора да имаат солидни познавања од областа на турските серии.

Ви се молам пристапете сериозно, телефоните во рака и ајде да си играме квиз за турските серии.

Луѓе драги, уште ова ни фалеше!

Кај има серии на сите телевизии, кај една уште не завршила, друга почнува, па уште и репризи наутро и за викенди, сега и квиз на знаење каде ни помалку ни повеќе треба да знаете кој со кого се скарал, кој кого бакнал и кој на кого му наштетил.

Морам да признам, изгледав една епизода од квизот, морав од прва рака да го доживеам, да видам дали сме дораснати на вакви квизови каде е потребно „вистинско” знаење.

И да ви кажам право сме.

Си се јавува Македончето и око не му трепнува, си ги знае одговорите на прашањата, си се забавува како да учествува на „Квиско пита, Горење награџује”.

Па уште и се бори да добие шолја со ликот од омилената турска серија.

Сè додека учествуваме, се јавуваме или седиме пред телевизор и со нетрпение чекаме да слушнеме како ќе одговори оној кој се јавил, дотогаш ќе имаме вакви „супер” емисии и животот ќе ни се врти околу толку страшно „важни” нешта.

Како што тргнало, подобро и не заслужуваме.

Каква ни глава, таква ни капа, со здравје да си ја носиме.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1654 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус