од мој агол

Во чест на Тоше

25 јануари, 12:02

Од моментот кога Тоше го напушти овој свет ни остана само споменот за младото момче со големо срце, ни останаа неговите песни и дела, неговата љубов и искрена насмевка.

Тоше го постигна тоа што ние без него не можевме, затоа што знаеше да сака и да обединува, затоа што беше човек. 

После тажниот 16 Октомври, повеќе или помалку секој подари дел од себе за да го продолжи споменот за Тоше. Водени од неговата хуманост многумина направија хумано дело, подадоа рака на оние на кои им беше најпотребно.

Денес, кога се навршуваат 32 години од раѓањето на Тоше Проески, ден во кој чувствата ни се измешани, тимот на Мој Портал кој ги промовира позитивните вредности со надеж за подобар свет, свет за кој се бореше и Тоше, Ве повикува заедно да ја продолжиме борбата која тој ја започна, затоа што само така ќе го зачуваме човечкото во нас. Безусловно подадете рака, сакајте, верувајте. 

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете најсилни“ - Тоше Проески.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 8095 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус