од мој агол

За нас се работи, ама на кој да му текне!

05 ноември, 11:11

Битола синоќа покажа како треба да изгледа еден протестен марш.

Мирно и достоинствено илјадници битолчани ја пратија својата порака до оние кои треба и мора да преземат мерки против енормното загадување на воздухот.

Секоја чест на родителите со мали деца, на повозрасните и сите оние кои излегоа на Широк Сокак и учествуваа во маршот.

Секоја чест на организаторите, на сите оние кои на било каков начин помогнаа да се реализира овој протест и да се разбуди свеста на битолчани.

За нас се работи, за нашата иднина и здравје, но колку и да се радувам што достоинствено ги изодивме тие неколку стотини метри, не можам да го скријам моето разочарување.

Очекував битолчани да го преплават Широк Сокак, да нè има во многу поголем број, да ја оставиме настрана политиката и партиската поделба, да го надминеме размислување од типот „Не зависи од мене”, па сите заедно, како граѓани на овој град, да излеземе во одбрана на нашата иднина.

Не дека протестот не беше успешен, далеку од тоа. Не дека не го кажавме она што го имавме, допрва ќе го кажуваме.

Мојата забелешка се однесува на сите оние кои останаа во удобноста на своите домови, ѕиркаа низ прозорците и воопшто не помислија да излезат на улица.
Токму нив им порачувам: Битолчани, засрамете се и разбудете се! И за вас се работи!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3323 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус