од мој агол

Занаетчиите побогати од магистрите

30 октомври, 06:15

Доколку и вие сте еден од илјадниците работоспособни лица кои трчаат по висок степен на образование и добра позиција време е да погледнете наоколу и да ја сфатите вистината.

Бројот на дипломирани лица кои се без работа секоја година е во пораст. За разлика од многуте кои чекаат државата да ги вработи на повисоки позиции, најчесто во администрација, во образование, здравство или во приватни фирми како комерцијалисти и менаџери, занаетчиите „лупат пари“ од народот.

Девојки и момци со завршено средно образование работат како фризери и шминкери. За половина час заработуваат по 500-700 денари за фризура, по 500 денари за шминка и 700 денари за нокти. За време на свадби и матури/полуматури цените се зголемуваат за 100%. Така на пример обична фризура за свадба ќе чини 3000 денари која ќе ја направат за не повеќе од 1 час, а посложените и до 6000 денари. За само 5 минути заработуваат 50 денари од средување на веѓи.

Колку чевлари има во вашиот град? Нивниот број е многу мал. Луѓето повеќе би сакале да трпат глад, отколку срам. Секако, кој сака да ја стави раката во искинати чевли носени од непознат човек, па уште и да ги средува. Има и такви лица кои го проголтнуваат тоа и го работат занаетот. Затоа нека не ве чуди што нивните деца први полагаат за возачка, добиваат кола за 18-от роденден и секој викенд се излезени во најскапите кафулиња.

Конците се досадни, се лепат, иглата може да ве забоди, но знаете ли колку чини шиење на најобичен фустан? Околу 2000 денари ќе платите за наједноставниот модел. Можеби не можат да се пофалат со својата работна позиција, но со заработката и тоа како можат. Никој нема да ви изработи венчаница за помалку од 15 000 денари, иако потребни се само 5 дена за истата. За време на свадби, матури или празници цените секогаш растат, а не смее да се потцени ни бројот на лица кои повеќе сакаат облека по мерка отколку од продавница.

Овие и уште многу други занаети како што се: копаничари, резбари, грнчари, сарачи, пајтонџии, билкари... чесно го заработуваат секој денар. Не само во Скопје, и во другите градови на Македонија има што да се работи, во Битола е земјоделието, во Прилеп тутунот, во населените места покрај реки рибарството, на чистите планински предели билкарството, во градовите од чевлар до изработувач на накит и предмети.

Затоа не се обесхрабрувајте дека за вас нема работа. Работа има за секого, само дали сакате да ја работите?


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2146 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус