од мој агол

Засрами се Македонијо!

10 септември, 13:20

За успехот на кошаркарите и ракометарите нѐ разбра цел свет.

За златото останавме неми. Македонија, за некои мајка, за други маќеа. Зарем вие правите разлика меѓу Олимпијада и Параолимпијада? Зарем спортот не е спорт, човекот човек, а златото злато?

За мене нема разлика. Не треба да има ни за вас.

 

Зарем не се израдувавте кога разбравте за успехот на Бикова? Јас се расплакав. Се радував за нашето знаме високо над другите, за химната чии звуци ги слушна светот, но најмногу за неа, Оливера, спортист, борец, херој. За нејзиното злато, за нејзиниот успех.

Оливера е мојата хероина, нашата хероина, а ние не се сетивме достојно да ја дочекаме. Не ни беше доволен светскиот рекорд и златниот медал. Беа параолимписки.

Засрами се македонски народе! Имаш големо срце, но не ти е подеднакво отворено за сите. Целта на моите зборови не е да обвинуваат. Напротив, сакам да ве поттикнам да размислите, да ве предизвикам да се промените, да разберете дека сите сме еднакви и подеднакво вредни.

Се надевам барем неколкумина од вас ќе ја разберат мојата порака и ќе ја шират понатаму, секој на свој начин, за да дојде ден кога нема да правиме разлики меѓу луѓето, ден кога ќе му помогнеме на послабиот, ќе бидеме похумани, подобри, ќе бидеме луѓе.

Сама не можам ништо да направам, но заедно може да го направиме поубав овој свет, за доброто на сите. Без исклучоци.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2082 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус