Орхидеи со изглед на животни
Едни од најубавите, најелегантните и најмиризливите цвеќиња - орхидеите во себе кријат безброј изненадувања.
Но нивната елеганција и убавина како да се ставени во втор план, бидејќи на фотографиите кои следат ќе забележите дека овие орхидеи личат на сѐ друго само не на орхидеи.
Природата многу умешно замешала прсти во овој вид на цвеќиња, па така во нив може да се препознаат безброј ликови, а понекогаш и цели животни креирани и створени според нивниот оригинален изглед, кои на прв поглед кога ќе ги погледнете ќе ве натераат да се запрашате дали тоа што го гледате е цвет или нешто друго.
Оригиналните форми, прецизно креираните линии и совршено комбинираните бои во нашиот мозок предизвикуваат појава на психолошки феномен при кој се бара сличност со нешто што веќе досега е видено, а кај овие орхидеи таа сличност најчесто е поврзана со животните.
Цветовите наликуваат на тигар, папагал, патка, на девојки, бебиња, ангели, балерини, па дури и на вонземјани.
Погледнете колку се само неверојатно интересни, прекрасни и невообичаени овие магични орхидеи.
Орхидеја „Молец”
Орхидеја „Гол маж”
Орхидеја „Девојка која танцува”
Орхидеја „Бебе”
Орхидеја „Папагал”
Орхидеја „Летачка шатка”
Орхидеја „Тигар”
Орхидеја „Среќен вонземјанин”
Орхидеја „Ангел”
Орхидеја „Гулаб” или „Свет дух”
Орхидеја „Балерина”
Орхидеја „Егрета”
Додади коментар