Здравје, Здрави навики

Ослободете се од стресот

15 октомври, 04:38

Напорната работа и немањето доволно време за одмор резултираат со замор, кој многу штетно влијае на организмот.

Доколку повеќе денови во текот на неделата сте уморни, нервозни, напнати и без доволно енергија, ви препорачуваме да ги применувате овие неколку едноставни методи, кои многу ќе ви помогнат да се опуштите и да бидете посмирени и порелаксирани. 

 

  • Исклучете ги мобилниот телефон и компјутерот

Доколку сакаме да се одмориме, многу е важно понекогаш да исклучиме сé што се наоѓа околу нас. 
Мобилниот телефон, компјутерот па и телевизорот, за време на одморот и релаксацијата, многу често ни предизвикуваат непотребна напнатост и не ни дозволуваат да си посветиме време на самите себе.
Ако сакате да се одморите – исклучете сé.

  • Бидете себични

Наместо да се трудите да им угодите на сите околу вас, пробајте да си угодите самите на себе и посветете си време само на вас.
Сите се имаме почувствувано виновни кога ќе занемариме некои луѓе од нашето опкружување, но тоа не значи дека секогаш треба да бидеме на „штрек” за сите.
Доколку сакате да бидете здрави и витални, посветете си што повеќе време.

  • Вежбајте

Најдобриот начин за ослободување од стресот, напнатоста и негативните чувства и мисли е вежбањето. 
Практикувањето на било какви физички вежби, не само што ќе ви ја ослободи цела негативна енергија која се насобрала во вас во текот на работната недела, туку и ќе ви помогне да ја зачувате вашата витка линија.

Пробајте и уверете се !!! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2209 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус