Здравје, Здрави навики

Основни навики за подолг живот

08 јуни, 18:50

Здравјето е над сѐ друго во животот. 

Грижата за здравјето треба на сите нас секогаш да ни биде на прво место, бидејќи само ако сме здрави ќе имаме желба да правиме тоа што сакаме и ќе имаме подолг и посреќен живот. 

Без здравје сме како без цел во животот, немаме желба за извршување на никакви активности, често сме нерасположени и на некој начин како да немаме желба за живот.
Здравјето е поттик за сѐ останато.

Не залудно се вели дека здравиот човек има милиони желби, а болниот само една - да оздрави.
Значи без здравје ништо не е можно.

Од грижата за нашето здравје зависи и должината на нашиот живот. Колку повеќе внимание си посветуваме на самите нас и колку повеќе се грижиме да бидеме здрави, толку повеќе и нашиот живот ќе биде подолг, поквалитетен и поисполнет со убави моменти.

Постојат голем број на фактори кои се пресудни за подобрување на квалитетот на животот и намалувањето на ризикот од прерана смрт, но за четири од тие фактори е докажано дека се најделотворни доколку редовно и правилно се практикуваат.

Редовната физичка активност, одржувањето на оптимална телесна тежина, медитеранскиот начин на исхрана и исфрлањето на цигарите, се работите кои треба да се практикуваат ако се сака да се доживее длабока, здрава и среќна старост.

Секојдневното практикување на овие четири едноставни работи  го зголемуваат животниот век за цели 80%.

Овие здрави навики треба да станат секојдневие, бидејќи покрај тоа што го продолжуваат животот, исто така и го спречуваат настанувањето на болести. 


Значи редовно практикувајте било каква физичка активност, исфрлете ги цигарите засекогаш од вашиот живот, одржувајте ја вашата телесна тежина во нормални граници и консумирајте медитеранска храна и верувајте дека ќе бидете здрави и полни со енергија, позитивни и секогаш расположени, и ќе доживеете длабока и среќна старост.

Нели секој од нас не го посакува токму тоа?! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2260 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус