Мој предлог, Книга

„Откријте ја својата судбина” од Робин Шарма

15 јуни, 09:19

Робин Шарма има ретка дарба за пишување книги што се забавни за читање, а сепак вистински го менуваат животот.

Оваа книга длабоко ќе ве трогне и ќе ви покаже како да го живеете животот што отсекогаш сте го посакувале.

„Откријте ја својата судбина” е книга која учи за откривањето и остварувањето на самите себе.

Единствена цел на нашиот живот е да се сетиме на вистината за тоа кои сме ние.

Новороденчињата го претставуваат совршенството на овој свет. 
Веднаш после раѓањето сите сме биле бестрашни, полни со љубов, невини, бескрајно мудри, со неограничени можности, исполнети со чудење и прекрасно поврзани со невидлива рака, која само за нас ја створила вселената.

Во текот на животот, повеќето од нас ја изгубиле таа поврзаност со сопствениот извор и со првобитната состојба на луѓе кои не се плашеа да тргнат кон нови можности.

Многу сте поголеми отколку што можете да си замислите.
Без разлика на тоа низ што минувате во животот во моментов, верувајте дека сѐ е како што треба и во ред и дека сѐ се случува во ваш интерес. 
Можеби тоа нема да ви се допаѓа, но точно тоа треба да го научите за да израснете во прекрасна личност.

Сѐ што ви се случува во животот совршено ви помага во вашиот развој и ве води до вистинските моќи.

Патеката која во оваа книга е опишана преку седум степени на освестување, го одржува вечното патување на секој од нас, патување кое води кон храброст и јунаштво, за да се совладаат препреките кои стојат на патот на само остварувањето.

Во приказната што никогаш нема да ја заборавите, ќе научите која е вистинската цел во животот, како да го ослободите вашиот најголем потенцијал, ќе проникнете во тајната на бескрајната радост и директниот пат до личната слобода.

Овој моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции ќе ви ги отвори можностите за кои е предодреден вашиот живот и засекогаш ќе ги трансформира сите димензии на вашиот свет.

„Откријте ја својата судбина” е книга која се чита во еден здив, па затоа ви препорачуваме да ја прочитате и да го промените својот живот!
 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2958 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус