Откритија

Пронајдено е шише со еликсир на младоста

25 јуни, 13:02

При ископување во југоисточниот дел на Њујорк, на место каде во минатото постоела германска пивница, пронајдени се стотици шишиња со различни пијалаци кои датираат приближно од 1850 година.

Археолозите заклучиле дека едно од шишињата го содржи еликсирот на младоста – пијалак кој служи како лек, а истовремено го подмладува организмот, со што се продолжува животниот век на оној кој го конзумира.

Малото шишенце содржи течност која е добиена од еден дел вода, три дела алкохол, бела куркума, шафран, алое и уште две состојки.


Состојките на еликсирот на младоста

Истражувањата покажале дека рецептот за овој пијалак го има во медицински записи од Германија, кои датираат од 19 век.

Научниците кои допрва ќе го тестираат пијалакот сметаат дека големата количина на алкохол и растенија, како и малата количина која ја содржи шишенцето (30 мл.) укажува дека од еликсирот се земала сосема мала количина, околу една капка дневно.

Покрај еликсирот на младоста, археолозите пронашле уште едно шише со многу горчлив лек кој бил особено популарен во 19 век.
Истражувањето на содржината на шишињата допрва треба да ја потврди лековитоста на овие два пијалаци.

еликсир на младоста, лек, природни лекови, куркума, шафран, алое, eliksir na mladosta, arheologija, ископувања, археологија, откритија
Лево - еликсирот на младоста, десно - горчливиот лек од 19 век.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2640 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус