Откритија

Глобалното затоплување највисоко во изминатите 11 000 години

11 март, 11:40

Собирајќи примероци од почвата од 73 градови од различни делови на светот, научниците кои ги истражуваат промените на планетата Земја дојдоа до застрашувачко откритие.

Имено, глобалното затоплување би можело да има многу поголеми последици отколку што досега се претпоставуваше.

Земјата станува сè потопла и потопла, а податоците од истражувањето на изминатите 11 000 години покажуваат дека минатите 10 години се најтоплите до сега.

Она што загрижува се податоците кои укажуваат дека температурата ќе продолжи да расте и ќе се покачува од 1 до 6 степени Целзиусови до крајот на векот.

Глобалното затоплување е сериозен проблем кој го засега секој жител на планетата Земја, но иако научниците постојано предупредуваат на последиците, човештвото многу малку води сметка за зачувување на Земјата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2024 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус